Овој четврток, 11.март.2010 од 19 до 21 часот, во хаклабот КИКА ќе почнеме со редовен термин за Python работилница. Името сеуште не е утврдено, па за сега ќе го викаме со привременото име „Python вечери @ КИКА“ (предлози добредојдени).
Овој четврток ќе биде воведен, и може да се искористи да се договориме како ќе течат работите понатаму. Еден предлог е пола од терминот да биде некоја спремена презентација на почетничко ниво, а другата пола би се договориле на лицу-места. Тоа е и можност за прашања, дообјаснувања, гледање видео упатства, заедничко работење на некој програм, презентирање на некој понапредни апликации и сл.
Таргет група за првиот дел од „Python вечерите“ се луѓе кои знаат колку толку што е програмирање и основните принципи на циклуси, услови, основните дата типови и сл. па би продолжиле понатаму.
„Python вечери @ КИКА“ редовно ќе се одржува во КИКА секој втор четврток од 19 до 21 часот, бидејќи секој друг четврток е резервиран за Ruby meetups.
или некој ги брише коментарите или нешто не е во ред со блогов.
ReplyDelete