Concurency и Scalability на Сподели Знаење

Редовниот термин за Сподели Знаење, оваа сабота 5.12.2009 од 12 до 17. Една од темите овој викенд ќе биде презентација/дискусија за истовременост (concurency) и скалабилност (scalability) на компјутерските системи.

Во првиот дел, ќе споредиме како тоа го решаваат програмските јазици како Gо (новиот јазик на Google), Erlang и некои други (bring your own favourite language). Вториот дел, за некое друго сподели знаење, ќе видиме како тоа се прави за некои конкретни апликации како веб сервиси, бази и сл.

Оваа проблематика посебно е актуелна деновиве (годиниве) поради очигледниот развој на хардверот кон масивни мулти-процесорски системи.


Исто така, by popular demand, ќе направиме мал курс/вовед за git. Ако има интерес ќе чепнеме и некое arduino.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.