Шти би правеле утре?
1. Web2Py framework
2. Хакирање на возниот ред од ЈСП со помош на Ubiquity
3. Илин најави дека ќе разменува книги на СподелиЗнаење
4. Јас (Игор) ќе покажам модул за екстерна автентикација на друпал, со кориснички име и лозинка во друга база како и пренесување и мапирање на соодветните ролји од екстерниот систем во друпал.
Иако ми треба мала помош околу последново, пошто ми фали мал дел
од ова за да функционира одн. за да се подеси соодветната ролја.
СподелиЗнаење 21.03.2009 г. во 12 ч.
Ако се прашувате, тогаш - ДА, денес има СподелиЗнаење, на вообичаената локација (http://rdr.to/xe).
И покрај снежното време, најхардкор споделувачите денес ќе се занимаваат со:
И покрај снежното време, најхардкор споделувачите денес ќе се занимаваат со:
- тивки и енергетски ефикасни решенија достапни на нашиот пазар за обичен десктоп компјутер (и монтирање на еден таков);
- Funambol е SyncML сервер преку кој можеш да синхронизираш разни ствари од мобилен и други апликации .. календари, контакти итн.;
- Кириличнатастатура за S60 .. пошто изгледа нема s60 телефон со македонска тастатура.
Лепенки
s60,
сподели знаење,
хардвер
5 години Лугола!
Овој викенд СподелиЗнаење беше засенето до прославата по повод петгодишнината од формирањето на битолската група на корисници на ГНУ/Линукс - Лугола.
Журката се случи во клубот на новинари во Скопје... па, од едноставна причина што сите битолчани се дојдени на привремен престој (работа, школо) во главниот град.
Настанот беше одбележан и со пригодно подготвена торта.
Повеќе фотографии од настанот можете да видите тука.

забава,
заедница,
лугола,
сподели знаење
СподелиЗнаење, 7 март 2009
Редовно СподелиЗнаење, секоја сабота од 12:00 до 17:00. Овојпат идејата е да видиме што е целата фасцинација од Bespin.
Bespin е нов проект на Mozilla за програмерски едитор направен со HTML-5 технологии кој работи во browser. Една од главните придобивки на едитор кој работи во „облакот“ е можноста за колаборативно уредување на содржината. Интересно дека во Bespin работат повеќето финти на кои сме навикнати во обичните (десктоп) едитори - но останува да видиме на лице место како (и дали) сето тоа функционира.
Друго на агендата е и разгледување на платформата eBox за менаџирање на корпоративни мрежи .. Овакви платформи постојат многу и сите се некако пре-нападни или пак пре-сиромашни. Можеби eBox е светиот грал :).
И како и секогаш.. поголем дел од времето се слободни активности, хакирање, решавање проблеми и сл.
пс.
продолжуваме и со Arduino

Steal This Film Trial @ Мала станица - 08.03.09
Решивме да го реактивираме Сподели кино за прикажување на третото издание на Steal This Film - STF Trial. Се работи за третото (или транзитно) продолжение на Steal This Film, овој пат измиксано видео од првите два дела со додатни снимки поврзани со случајот против The Pirate Bay.
За оние што не ги гледале првите два дела, можете слободно да ја преземете торент датотеката од од http://thepiratebay.org.
Еве и краток опис од авторите на филмот:
Во 2006 година, група пријатели решаваат да направат филм за споделувањето на интернет и со помош на The Pirate Bay филмот се копира и шири повеќе од она што било кој би го очекувал. Денес The Pirate Bay е на суд и ние се гордееме со тоа што ги поддржуваме преку овој филм. STF Trial содржи досега не видени снимки, вклучувајќи ги и членовите на TPB како се подготвуваат за судењето - додадени се и римејкови од полициските интервјуа по првиот упад на шведската полиција во дата центарот на TPB. STF Trial е еден вид на транзитен филм од STF 2 до последниот дел кој што моментално се снима во Стокхолм на судењето на TPB (Инаку: TPB е најголемиот торент тракер во светот).
Покрај луѓето позади The Pirate Bay, во документарецот зборуваат разни експерти од разни области, новинари, продуценти, гикови и што е најважно сите се сложуваат дека споделувањето на интернет е од исклучителна важност за човештвото и дека истото нема да може да исчезне преку ноќ без разлика на тоа што корпорациите им објавија војна на сите оние кои што споделуваат на интернет.
Ако Ви го привлековме вниманието, бидете во Мала станица во Недела 21:30ч (08.03.09).
Се гледаме таму.
Повеќе информации за филмот и преземање на STF Trial
За оние што не ги гледале првите два дела, можете слободно да ја преземете торент датотеката од од http://thepiratebay.org.
Еве и краток опис од авторите на филмот:Во 2006 година, група пријатели решаваат да направат филм за споделувањето на интернет и со помош на The Pirate Bay филмот се копира и шири повеќе од она што било кој би го очекувал. Денес The Pirate Bay е на суд и ние се гордееме со тоа што ги поддржуваме преку овој филм. STF Trial содржи досега не видени снимки, вклучувајќи ги и членовите на TPB како се подготвуваат за судењето - додадени се и римејкови од полициските интервјуа по првиот упад на шведската полиција во дата центарот на TPB. STF Trial е еден вид на транзитен филм од STF 2 до последниот дел кој што моментално се снима во Стокхолм на судењето на TPB (Инаку: TPB е најголемиот торент тракер во светот).
Покрај луѓето позади The Pirate Bay, во документарецот зборуваат разни експерти од разни области, новинари, продуценти, гикови и што е најважно сите се сложуваат дека споделувањето на интернет е од исклучителна важност за човештвото и дека истото нема да може да исчезне преку ноќ без разлика на тоа што корпорациите им објавија војна на сите оние кои што споделуваат на интернет.
Ако Ви го привлековме вниманието, бидете во Мала станица во Недела 21:30ч (08.03.09).
Се гледаме таму.
Повеќе информации за филмот и преземање на STF Trial
Subscribe to:
Comments (Atom)