Дел од агендата (што направиме направиме, другото следен пат):
- Дамјан рече дека ќе објасни како се билда прилагоден openwrt линукс за вифи рутерите.
- Ќе имаме неколку принтани линукс маскоти, хал900 маскоти ако донесе некој ножички и охо лепак ќе ги правиме.
- Јас ќе објаснам како да го заштитите вашиот Iphone да не ви го „хакираат“ во јавна wifi мрежа. Ќе прикажам и видео како се „хакира“. Ако имате отклучен Iphone би било убаво да го донесете.
- По идеја на Новица и софтверски и хардверски ќе имплементираме кирилична Дворак тастатура. Ако имате стара тастатура донесете ја.
- Јован ќе ни објасни како да контролираме програми со AnyRemote преку мобилен.
- Се останато што може да им текне на присутните (еве некои идеи)
абе многу е ладно, не знам дали јас ќе дојдам утре во гаражата
ReplyDeleteНова изолација има плус греење.
ReplyDeleteПоследниве две Сподели знаење беа многу добри, едукативни, интересни, забавни и смешни.
ReplyDeleteЗа ладното, ако има некој идеа нека предложи, може се да се направи.