Оваа сабота, 20.09.2008 ја почнуваме новата сезона на „Сподели Знаење“. Сподели знаење ќе продолжи со истиот формат - прилично ad-hoc собир на кој се растресуваат секакви теми за слободен софтвер, технологија, геџети и слично. Идеи и предлози за теми ставајте на wiki страната.
За оваа сабота е предвидена презентација на CouchDB, еден прилично нов поглед кон базите на податоци. CouchDB не е SQL база, не е релациона база, нити складира табеларни податоци (колони и редови). CouchDB е дистрибуирана документ база, во која податоците се складираат со слободна структура. Индексирањето се прави со map/reduce функции што овозможува базата хоризонтално да скалира до бескрај (да работи паралелно на повеќе компјутери).
клучни зборови: map-reduce, ACID, distributed, fault-tolerant, REST, HTTP, JSON
Кој ќе се интересира за ова, може да дојде и со готов модел на база или сличен проблем и да видиме како тоа би се решило на CouchDB начинот.
Исто така, во сабота ќе зборнеме и за организирањето на Software freedom day (ден на слободен софтвер), кој што ќе прави, што ќе треба и сл.
Има ли јунак да ми помогне да го заменам WinXP со некој Linux на мојот нов Acer AspireOne?
ReplyDeleteПреферирам Ubuntu, но...