Одбележување на денот на слобода на документите

Оваа среда СподелиКино великодушно го отстапува терминот за една кратка
презентација по повод Денот на слобода на документите организирана од Слободен софтвер Македонија во рамките на СподелиЗнаење.

Оваа манифестација се ќе се одржи на 26 март 2008 година во повеќе земји во
светот, иницирана од Европската фондација за слободен софтвер. Целта е да се подигне
свеснота за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваа
на било која платформа во било кое време

Слободата на документите претствавува користење на отворени формати за нивен запис
кои се базираат на отворени стандарди со тоа вашите податоци остануваат за секогаш под ваша
контрола и ниеден неслободен формат неможе да ги зароби.

Покрај овој вовед програмата за оваа среда е

  • вовед за денот на слобода на документите
  • презентација (Што се слободни документи? Зошто ми се потребни? И како до нив?)
  • практични примери од нашето е-секојдневие како да се снајдете со неслободните документи, како да ги заобиколите затворените стандарди и повеќе од тоа
  • прашања и одговори

Повелете, придружете ни се!

http://odf.slobodensoftver.org.mk

5 comments:

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  3. Нешто имав проблем со пренесување линк во коментар, сакав да придонесам со информација дека веста е пренесена и на англиски овде:

    ReplyDelete
  4. После вечерашната презентација/дискусија околу ОДФ, ИСО стандардите, усвојување то на ООXML стандардот еве една информација:

    Usvojuvanjeto na OOXML standardot preldožen od Microsoft netransparentno vo JIE

    ReplyDelete
  5. Македонски и латиница некако не идат.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.