Што се случуваше на денот на слободниот софтвер 2007 во Скопје

Станувам некаде околу 8 часот и гледам порака на телфонот. Дамјан ми пишал некаде околу 2 по полноќ:
Ne bootira fedorava kaj mene.
Сабота, се е спремно, а клучниот ресурс за настанот од вредна роба се претвори во кутии ѓубре. Зоки исто така побрза да ме извести за истото.

Стигнавме во „Точка“ на време (10 часот) и ги проверивме сите кутии што беа таму на неколку машини. Дисковите не boot-ираат. Се почувствува разочарување меѓу луѓето. Но, брзо се договоривме да купиме празни CD-а и да режеме Ubuntu 7.04.

Добредојдовте во Точка
10 часот - се собираме во „Точка“

Јас и Дамјан (и Тања) отидовме по дискови и практично го испразнивме дуќанчето. 500 празни CD-a и една тастатура помалку бидејќи продавачката услужувајќи не си истури кафе врз тастатурата... денот дефинитвно не беше тргнат на добро.

Се прибравме пак во Точка. Среќа имаше доволно машини со режачи па почнавме да правиме Ubuntu 7.04 (и некои други работи кои случајно беа на лаптопите на луѓето). Глиша отиде дома да реже дискови на компјутер. Поради ова малку задоцнивме во Магор, па кога стигнавме таму ни кажаа дека некои луѓе веќе дошле и прашувале за Денот на слободниот софтвер.

Јас, Дамјан и Чомбе се наместивме во Магор и некако почнавме. Прво, додека чекавме Ubuntu, делевме Fedora и објаснувавме дека само TheOpenCD работи од целото DVD. Во меѓувреме дојдоа луѓето од ИНет, донесоа постери и рекоа да ги повлечеме дисковите со Fedora. Некако патем се чувме и со Кирил во Прилеп да му пренесеме што/како. Таму настанот беше во полн ек.

Домашните Ubuntu дискови стигнаа малку подоцна благодарение на Глиша. Иако малку старо Ubuntu 7.04 заврши добра работа. Имаше луѓе кои го немаа ни тоа или кои точно бараа Ubuntu. Се разбира имаше и такви што бараа Fedora.

Дискови со Ubuntu
Глиша со домашните „Веќе е легално“ дискови

Сепак, ми се чини дека извадивме максимум од ситуацијата. Не знам како беше во Точка (некој од таму веројатно ќе пише), но Магор помина прилично добро. По слободна проценка не посетија околу 50 луѓе секој со различни потреби и прашања. Она што многу ме изненади е што добар дел од нив беа архитекти кои се интересираа за мигрирање на GNU/Linux без да го поставуваат прашањето за AutoCAD. Веројатно на се поголем број на луѓе им станува јасно дека ако сте заглавени на една платформа поради тоа што софтверот што ви треба за професионална работа, не мора да ги трпите истите проблеми (вируси на пример) кога сурфате на интернет, гледате филмови или слушате музика.

Настанот во Магор функционираше човек-на-човек. Јас и Дамјан (понекогаш и Чомбе и Глиша) седевме на една маса во ќошот и секој пат кога ќе влезеше некој човек го седнувавме до нас и му ги раскажувавме оние приказни за слободниот софтвер кои го интересираа само тој човек.

Новица раскажува
За студентите од ФЕИТ: Што е слободен софтвер?

Отидовме да се пакуваме малку пред 6 и потоа се упативме во Мала станица. Во Арт-кафето Медиум имаше успешна проекција на филмот „Добра копија, лоша копија“. Проекцијата започна пред полна „сала“ во 20:15 - долниот дел од кафето беше целосно исполнет. Ми се чини околу 30 луѓе.

Проекција на „Добра копија, лоша копија“
Добра копија за публиката во Мала станица

На крај, мислам дека поминавма супер. Само некако некаде сум го изгубил тоа едно пенкало што ми беше коњак. Штета.

3 comments:

  1. Моето „Прилепско“ искуство е следно:
    Стасавме со Стумјан(кој ми беше на гости) на месото каде ечеше од електронска музика некаде околу 14.00. Промотерите(?) не не ни погледнаа,а камоли да не прашаат или да ни поделат промо-материјал или ЦД... малтене ни завртија грб. Имаше два промотивни флаери од кои едниот (со двојно поголема димензија) беше од некоја локална кабеслска телевизија.
    Можеби закаснивме кога бил „екот“, но сепак едно љубезно повелете и објаснување околу настанот ќе свршеше голема работа.

    ReplyDelete
  2. Епа...тогаш го прикажувавме филмот RevolutionOS.
    Незнам дали баш имало слободен промотер кој би ти објаснил за СФД07, бидејќи имаше стварно гужва.
    Ако се чувствуваш навреден поради тоа што не сме ти обрнале внимание повели на ул. Кузман Јосфиоски бр.118 од 13,00-20,00 и слободно прашај за се што те интересира.

    ReplyDelete
  3. Кире, ок, утнато ти е тоа во коментарот со навредата, ама нема везе.
    Ај ќе дојдам...

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.