Утринската сесија започна со интересна шесторка составена од Jimmy Wales, Wikia; James Boyle, CC Learn; Mark Surman, The Shuttleworth Foundation, SJ Klein, OLPC, модерирана од Ronaldo Lemos, председател во iCommons. Насловот на панел дискусијата беше Иднината на отвореното образование. Секој од присутните имаше навистина интересно излагање. Jimi Wales зборуваше за образованието во Сангам Вихар во Индија, искуство кое го имал на едно од неговите патувања, и користење на википедија во образованието, меѓу другото заклучи дека Википедија во моментов не е погодна за ученици од школска и предшколска возраст, поради академското ниво на статии кои се наоѓаат во една енциклопедија.
SJ успешно го презентираше OLPC проектот и ги изложи техничките но и логистичките придобивки но и предизвици, искуството со учениците во Нигерија и желбата на наставниците за вклчување на зелената мала машина во образовниот процес, со содржини погодни за наставата која ја посетуваат учениците.
Сесијата ја заврши Џејмс Бојл од CC learn, со презентација на нивата Криејтив Комонс за едукација програма кој би требало да започне од есенва оваа година, најави дека нема да има нова лиценца за едукативна примена, и потенцираше дека ќе се посветата на работа со луѓето вклучени во едукативниот процес како настваници, автори на учебници за прифаќање на слободната култура во образованието и ползување на плодовите од начинот на функционирање во рамките на образвониот процес. Заврши со фактот дека грешки сигурно ќе постојат, но поради шансата кој секогаш постои при ваков начин на работа, и отвореноста на содрѓините и процесот на работа, грешките ќе бидат во можност и да ги поправат.
Присутните беа активни со поставување на прашања и упатија честитки за активностите, осенувајќи ги како навистина важни бидејќи потсетија дека навистина недостасувало делување на полето на образованието.
Супер извештај ;)
ReplyDeleteСакав само да додадам дека сите Second Life-ери можат да го следат настанот преку директен видео пренос на Public Democracy island, поточно Ilha de Intercambio.Телепортирајте се и активно учествувајте во дискусијата на iCommons !