Метаморфозис го откажаа Џои Ито во Точка

Само што дознав дека наместо договореното предавање на Џои Ито во Точка, Метаморфозис, за жал, решиле дека нема да има време за тоа.

Ова го дознавам откако веќе е донесена одлуката и покрај тоа што претходно направивме план со Метаморфозис како да се најдат 30 минути меѓу прес конференциите во Холидеј Ин и концертот на Душан Јаневски во Точка.

Жал ми е што настанов нема да се одржи и нема да го видиме Џои Ито во една порелаксирана и неформална дискусија. Знам дека настанот предизвика интересирање кај широка популација на луѓе, но во моментов тоа е надвор од мојата моќ да ја сменам одлуката на Метаморфозис.

Затоа ако мислите дека мрежата на луѓе може да изврши притисок и да промени нешто, адресите на кои можете да се обратите се info@metamorphosis.org.mk, nikola@metamorphosis.org.mk или bardhyl@metamorphosis.org.mk .

4 comments:

  1. Уаааа!!!

    Уште им стои како ТОП ВЕСТ, им пишав барем да ја тргнат веста.

    ReplyDelete
  2. Архангеле, Joi ќе гостува на промоцијата на CC ама не во Точка :(

    That's it, не се брукај :)

    ReplyDelete
  3. Што тропаш бе.

    Сеа добив одговор од Метаморфозис ме уверуваат дека планот не се променил. Стама?

    ReplyDelete
  4. Планот Метаморфозис го промениле со тоа што ја додале Деси Пефева од isoc.bg, а требаше да се додаде Џои Ито во Точка.

    Тоа беше договорено со Николче Мицкоски од Метаморфозис, ама не знам што друго освен зборот треба да се почитува кај нас.

    Со објаснување дека агендата неможе да се промени, а всушност тоа и се направи, нам не ни беше дозволено да му овозможиме на Џои Ито и покрај неговата согласност и желба да ја одржи својата презентација, заради тоа што неговите домаќини не го дозволија тоа.

    Со тоа загубивме сите, зошто ретко се случува да имаме волку важни и интересни гости, ама изгледа дека кусогледоста, ароганцијата и лажната надмоќ, преовладуваат, наместо споделувањето и заедничката работа.

    Прости им, не знаат што прават.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.