Најава за СЗ#10, 3.април.2007 [ФЕИТ]

Овој вторник тема на разгледување ќе биде Zeroconf протоколот, или попознат според имплементацијата на Apple како Bonjour (порано Rendezvous).

Имплементацијата во Linux која ќе ја користиме се вика Avahi.

Значи очекуваме одговори на прашањата:
  1. Што е Zeroconf;
  2. Зошто Zeroconf; и
  3. Како Zeroconf е најбоља ствар после леб на парчиња.
Мишо ќе помага, и можеби ќе имаме два проектора ... што повеќе компјутери/лаптопи тоа повеќе ќе може и да си играме :).

1 comment:

  1. Веројатно нема да дојдам јас во вторник. Постои шанса за неформално повторување на zeroconf лекцијата?

    :)

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.