Showing posts with label отворени податоци. Show all posts
Showing posts with label отворени податоци. Show all posts

Сподели знаење - 02.02.2013 сабота во 13ч.

Оваа сабота ќе се обидеме да решиме една задача:

Да се напише едноставен код за парсирање на страница од сајтот за е-набавки. Големата идеја е да се автоматизира креирање на машински читлива база за јавните набавки во Македонија за да се олеснат истражувачки или набљудувачки активности.

Се гледаме во 13:00 часот.

Презентација на проектот за метео кутии 22.11.2012 (четврток) во 12 часот во просториите на делегацијата на ЕУ

Во четврток во 12 часот ќе се одржи презентација на победниците на конкурсот  „Подобри идеи за ЕУ фондови“. На настанот Слободен софтвер Македонија ќе одржи презентација на идејата за креирање на метео кутии што го освои првото место на натпреварот.


Проектот за метео кутии е замислен да создаде прототипи и документација за понатамошна изработка на уреди кои ќе можат да собираат податоци за животната средина (како загаденост на воздухот) и понатаму тие податоци да се агрегираат на јавно достапен сервис кој што ќе функционира на принципите за отворени податоци.

Се надеваме дека пристапот оддолу-нагоре, вградената транспарентност и можноста за надградување на сервиси и презентации над податоците ќе придонесат за поголема информираност на граѓаните за овие прашања како и зголемување на преговарачката моќ на граѓаните во јавните дебати за политики поврзани со животна средина.

Презентација за Метео сензор кутии