Front-end Meetup Skopje #19, 19 часот, понеделник, 12 ноември 2018 г.

На 12 ноември 2018 г. од 19 часот во хаклаб КИКА ќе се одржи 19-от настан на Front-end Meetup Skopje (FEMUSK).

Правиме исклучок од правилото на одржувањето на овие настани, зашто имаме специјални гости од Kiwi.com кои се на кратко во Скопје и сакаат да ѝ се претстават и да ја запознаат нашата заедница.



За овој настан, којшто ќе биде на англиски јазик, имаме две супер презентации и тоа:
  • 5 essential tools to keep your JS apps sane and scalable - Martin Zlámal (Senior Frontend Developer)
  • Serverless back-end services for JS developers - Michal Sanger (Kiwi.com Principal Engineer)
Се гледаме в понеделник од 19 часот до 21 часот.

Интересот за настанот е голем и очекувајте поголема гужва од обично, што значи дојдете порано за да си фатите место.

По настанот заедно со гостите од Kiwi.com продолжуваме во Порта Паб на по некое пиво.

No comments:

Post a Comment