Computer Vision with Convolutional Neural Networks // среда, 17-ти мај

Минатата недела ни гостуваше Игор Трајковски (time.mk) и пред публика од околу 15 луѓе зборуваше за основите на невронските мрежи. Ни објасни како работат преку едноставен пример: невронска мрежа со 3 layers и 10 скриени неврони која категоризира позитивни vs. негативни reviews со прецизност од околу 90%. Ја имплементиравме од нула, во Python.

Оваа недела ќе се занимаваме со категоризација на слики. Еве што најавува Игор:
„Во ова предавање ќе се прикаже како може да се искористат невронски мрежи за препознавање (категоризација) на слики, како се користат графичките процесори (GPUs) за забрзување на тренирањето на тие мрежи, и како може да се искористат веќе постоечки тренирани невронски мрежи за градење на кориснички приспособен класификатор на слики.“
Стримот во другата соба не ни успеа, ама не собра сите во едната. Ќе пробаме пак оваа недела, не ветуваме дека ни ќе успее, дека тоа е животот.

Затоа дојдете на време, фатете си место и евентуално донесете некое пивце или некоја грицка или нешто слатко.

Се гледаме во среда, од 19ч. во КИКА.

7 comments:

  1. Предлог: Зошто не активирате онлајн стрим , верувам дека има повеќе луѓе што се заинтересирани а не можат да дојдат.

    ReplyDelete
  2. Па тогаш можат сите дома да си седат и да гледаат stream, и не ни треба хаклаб, м?

    ReplyDelete
  3. Во сите нормални земји има live Stream. Тоа ни најмалку не ја намалува потребата од Хаклаб туку уште повеќе ја зголемува неговата потреба. Неможете да бидете технолошки поткопани ако не ги прифаќате сами новите технологии...

    ReplyDelete
  4. Дечко, дај сакуписе... Ќе потиш за стрим и после нема да го гледаш. Те интересираат невронски мрежи, а те мрзи да станеш од кревет?

    ReplyDelete
  5. @parad0x Па нели претендираме да ги следиме светските трендови во технологијата. Информатичка земја, лидери во ова во она. Ако веќе нешто го има на хартија, спроведете го во пракса. А не се замарај за мене, ова ми е тема на Мастер така да верувај дека ќе бидам присутен. Поздрав!

    ReplyDelete
  6. Причина плус да глеам стрим е да не бидам у ваква багра што почнува со "Дај сакуписе„.Не и ни чудо што заедницава е тиња.

    ReplyDelete
  7. Не гледам зашто се расправате :)

    Хаклабот е отворен простор, непрофитен, организиран од заедницата и секој што сака нешто (стрим, MOOC, туторијал) слободно може да дојде и да организира.

    Плус, би било кул ако сите вие од коментарите дојдете и презентирате нешто.

    Поздрав!

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.