Сподели кино: DEFCON 20 / Вторник, 19-ти Август

Фрижидерите наполнети со ред-бул и ладно пиво, мрежата обезбедена, уште +2000 луѓе да влезат во хотелот каде што се одржува најголемиот „хакерски“ настан во светот, ДЕФ - КОН. Имено, започнало со „блек хет“ другари кој едниот од нив: „Еј брат, татко ми доби нова работа, ќе морам да се селам во Лас Вегас“ - „Хмм, зошто да не направиме хакерска забава за да го испратиме нашиот верен кракер и другар“. Но! Тој заминал уште кога неговиот другар ја планирал забавата. Дошол до заклучок дека ќе ги повика сите негови „блек хет“ другари со кој ќе заминат за Лас Вегас-Невада и ќе ја направат забавата заедно со нивниот другар со околу 100 души во еден од хотелите во градот.

Денес, од блек-хет и вајт хет се до новинари, адвокати па дури и до владини службеници учествуваат на таа конвеција. Додека трае сето тоа се одржуваат и мини натпревари во кракирање на ви-фи пасворди,кракирање компјутерски системи, хардверски модификации и случно. Секоја година луѓето имаат можност јавно и пред сите да ги покажат своите сајбер постигнувања, како го бутнале системот на некоја позната фирма или како го кракирале пасвордот на комшијата во 2 минути. Од 93та кога започнало се тоа, до денес се има случувано после конвенцијата да бидат уапсени рандом луѓе поради сајбер криминал. Како го добиле името ДЕФ-КОН и како станал толку познат што луѓе поминуваат вечери чекајќи да влезат меѓу првите? Името ДЕФ-КОН го добиле така што...

Уствари, вторник се гледаме во КИКА во 19 часот да дознаеме што понатака. :)

1 comment:

Note: Only a member of this blog may post a comment.