Hacking Haskell >>= Среда >>= "10" . "07" . "2013"

Вечерва во 19ч. во Хаклаб КИКА ќе учиме Хаскел.

Ако „денес“ е среда, важи погоре напишаното. Ако не прочитај го „денес“ утре.

Во обичен јазик ќе кажевме „во циклус вртат деновите од неделата, ако е среда ќе учиме Haskell“ ама немаме for циклуси.

Тоа е.

Исто многу битна работа - хаклабот е место каде кафето е беспари. Освен што не е баш беспари, го купуваат членовите на КИКА, а и киријата треба некако да ја платиме. Така што ако доаѓаш вечер и си член на хаклабот и не си платил членарина месецов - донеси пари. Имаме една фина метална кутија каде ги собираме за после да му ги дадеме на газдата.

Значи: вечер во хаклаб Хаскел, ако имаш, донеси пари за да платиме кирија.

Се гледаме вечер тогаш.

2 comments:

  1. Еве ни дојде гостин од Виена, студира на техничкиот факултет таму. Ќе збори за https://en.wikipedia.org/wiki/GiST

    ReplyDelete
  2. Епилогот и од оваа вечер ќе биде „ништо не разбирам.“

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.