Оваа година продолжуваме во ист стил: во четврток, на 28-ми март, Ана, Јованка и Андреј ќе зборуваат за нивните искуства со GSoC, нивните проекти, за хаклабот КИКА како и за слободниот софтвер.
Ако си студент кој сака да програмира преку лето - дојди на презентацијата.
Ако отсекогаш си сакал да се дружиш со забрадени линуксаши и весели програмерки - дојди, ќе ги запознаеш хаклаберите од КИКА.
Ако ништо не те радува повеќе од веднење над лаптопот кој компајлира во 4 сабајле - четврток во 12ч.
А ако сакаш да читаш повеќе за Summer of Code или да го најавиш твоето присуство на 28-ми:
Официјалната страна на GSoC
Настанот на Facebook
... исто и на Google+
Се гледаме за два дена!
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.