Предавања на тема Слободен Софтвер на ФИНКИ

Почнувајќи од вторник 13-ти Ноември од 18 до 20 часот, на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), Слободен Софтвер Македонија ќе одржи серија предавања на тема Слободен Софвтер.

Првото предавање е на тема “Слободен софтвер технички и социо економски аспекти на слободен софтвер”. Предавачи ќе бидат Новица Наков и Дамјан Георгиевски. Присутни ќе бидат и останатите членови на Слободен Софтвер Македонија, со цел да се претстави работата на <a Хаклабот КИКА. Ова прво предавање претставува одлична можност да чуеме што всушност сакаат студентите да слушнат и научат, а со тоа и да ни помогнат да ги структурираме натамошните предавања.

Темите на предавањата кои се планирани може да се најдат тука.

Студентите и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк.

Се гледаме во вторник во 18 часот во просторија 115 ТМФ (Технолошко-Металуршки Факултет).


No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.