Вечерва во КИКА имаме посебен настан: Кирил ќе одржи предавање за линеарно програмирање и техники на оптимизација.
За тие кои што не се запознаени, линеарно програмирање е математички метод кој за наоѓање на најдоброто решение на некој систем, кога ни се дадени ограничувања во форма на линеарни зависности. Да, звучи некако комплицирано, дека сепак се наоѓа на пресек меѓу математиката и програмирањето, ама би требало да биде интересно.
Дури и да не ја осеќате блиска оваа област, дојдете вечер во хаклаб за да славиме за првото место на конкурсот што Слободен Софтвер го освои со проектот „Метео кутии.“
Хаклабот ќе биде отворен од 19 часот, а предавањето ќе почне нешто по 20:00.
Па, се гледаме вечер, а?
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.