Овој четврток, во редовниот термин за програмски јазици, ќе вежбаме програмерска ката String Calculator.
Ќе ја поминеме катата во различни програмски јазици со TDD (Test Driven Development) процес на работа. Притоа ќе разгледаме различни алатки за тестирање, а секој од присутните ќе учествува во предизвикот, кој поради тоа и се нарекува Coding Dojo.
Инаку, CodeKata е вежба во програмирање која има за цел разбирање на механиката и подобрување на процесот на развој на софтвер до најситни детали. Идејата доаѓа од Јапонскиот концепт за ката во боречките вештини, a нејзин творец е Dave Thomas. Dave Thomas е познат по книгите The Pragmatic Programmer, првата Ruby книга на запад Programming Ruby (Pickaxe), Agile Development with Rails, Pragmatic Bookshelf издаваштвото, и исто така е еден од потписниците на Agile манифестот.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.