Конгресниот центар во Берлин, каде што се оддржа 27c3
Оваа година не успеавме да отидеме но ќе се обидеме да организираме No nerd left behind во КИКА. Се работи за настан кој што ќе се оддржува во исто време со 28c3, ќе се обидеме да поставиме 2 live стрима од одбрани презентации од овогодинешниот конгрес во две простории на КИКА. Поентата е да се собереме да се дружиме со кафе, храна и пиво и да бидеме во тек со најновите технолошки достигнувања, хакови и да видиме што од тоа можеме да примениме и во нашата средина со цел да го подобриме општеството во кое што живееме.
Распоред за презентациите што ќе ги стримаме ќе се обидеме да припремиме во текот на утрешниот ден за да знаеме што точно ќе се гледа во која просторија, па потоа ќе го објавивме истиот на блогов.
Датум: 27 до 30 декември
Место: Хаклаб КИКА, Васил Стефановски 8/1
Што е обезбедено: Интернет, кафе, чај
Што ви е потребно: Лаптоп, храна, сок, пиво, грицки и сл.
Што би ни се нашло: WiMax интернет од Неотел, за бекап опција (доколку некој може да донесе нешто вакво, нека не извести во коментарите на постов или на IRC за да го тестираме и да ја пријавиме IP адресата на организаторите на CCC за да добиеме загарантиран стриминг)
Disclamer: Презентациите траат од 12 наутро до 12 навечер, дојдете спремни!
И за крај ве оставам со key note говорникот од минатата година кој што беше еден од луѓето кои барем на мене ми оставија голем впечаток.
Ron Gonggrijp - 27c3 - We come in Peace
Добра идеја е добра идеја.
ReplyDelete