Викендов балканската хакерска елита беше собрана во Охрид каде што не се случи ама баш ништо посебно. Имаше луѓе од Хрватска, Србија, Косово, Италија и Македонија. Се запознавме подобро, се дружевме, разменивме некои искуства и се надевам дека ќе се собереме во уште поголем број наредната година.
Успеавме да го поминеме поголемиот дел од агендата која што сами си ја поставивме на првиот ден од настанот. Како поинтересни теми би ги издвоил презентациите за Post-relational web development, SystemD, дискусијата за националната политика за слободен софтвер, хакирање со Arduino и OsmocomBB. Деталите заедно со линковите можете да ги најдете во агендата.
Наредниот NSND веројатно нема да се случи во Сплит, Хрватска некаде во август. До тогаш, можно е да одиме на DebConf 2011 кој што се случува во Бања Лука, Босна и Херцеговина.
Клик на сликата ако сакаш да не видиш како не правиме ништо посебно:
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.