Кризата со недостиг на електрична енергија успешно ја пребродивме благодарејќи на напорот на Бидиков и Алекс (и уште по некој што им помогна) и сега може да продолжиме со редовните активности. Кој заборавил, секоја сабота од 12(~13) часот па најмалку до 18, се случува СподелиЗнаење.
Овој пат, од планираните теми имаме:
- краток осврт на systemd, замена за праисторискиот system V init, кој вклучува и нова функционалност, но и во себе обединува функционалност на други Unix daemon-и. Сето тоа користејќи ги најновите можности на Linux кернелот;
- копање по новите електронски тракатанци набавени од бувљак;
- секцијата за електроника ќе се обиде да оспособи еден стар осцилоскоп
Од непредвидените теми.... пааа, било што може да се случи, чистење, планирање за НСНД, да поработиме на инфраструктурата и сл.
The future is now!
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.