Бидејќи континуитетот е најбитната работа во животот, а ние сме тврдоглаво упорни, Сподели знаење продолжува и оваа сабота.
Поради проблемите што се уште ги имаме со струјата во КИКА редовното саботно Сподели знаење оваа сабота ќе се случува во кафе Опера во центарот на градот со почеток од 13.00ч.
Кафе опера се наоѓа на следната локација:
View Larger Map
Што ќе правиме?
* Може да инсталираме GNU/Linux на твојот лаптоп
* Да ти помогнеме со проблемите што ги имаш со GNU/Linux
Ако сте заинтерсирани за било која од темите: Arduino, GNU/Linux, безбедност, мрежи, систем администрација било какво софтверско и хардверско хакирање дојдете да се запознаете со екипата која што веќе работи на проектите на некои од овие теми.
Што да донесете?
* Лаптоп + полнач
* Продолжен кабел (ќе носиме и ние, ама за секој случај)
* Проблеми и идеи се исто така добредојдени :)
Во кафичот има WiFi и ни ветија дека ќе ни ги отворат сите потребни порти. :)
Се гледаме во сабота!
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.