Овој викенд (25 и 26 септември) Приштина е домаќин на втората интернационална конференција за слободен софтвер организира на од локалното здружение за Слободен софтвер и софтвер со отворен код.
Конференцијата следи по успешното прво издание на кое имаше преку 500 учесници и 40 домашни и меѓународни говорници.
SFK10 ќе се одржи на приштинскиот ЕТФ / ФЕИТ со почеток во 9 часот. Оваа година ќе бидат пречекани неколку видни лица од хакерската заедница.
Леон Шиман ќе зборува за употребата на слободниот софтвер во јавната администрација. Роб Савој ќе зборува за мрежни протоколи. Микел Марон ќе зборува за геополитичката употреба на мапите, а Питер Салус за историјата на развојот на GNU/Linux.
Темите што ќе дискутираат, квалитетот на говорниците како и ланскиот успех ја прават оваа конференција најголема во Југоисточна Европа.
Влезот на конференцијата е бесплатен за сите учесници. Повеќе информации може да се најдат на: www.kosovasoftwarefreedom.org
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.