Првиот час, ќе се навратиме на некои основите на Python кои веќе ги поминавме и ќе спомнеме за системот на модули и како да се пишуваат сопствени модули и пакети со модули. А вториот час (или повеќе - ако има интерес) би разгледале некои понапредни употреби на python. Зависно од интересот на публиката би разгледале користење на python за:
- web апликации со Django
- автоматизирана обработка на голем број HTML страни
- генерирање на извештаи со template-и во OpenOffice
- употреба на бази на податоци (sql или не-sql)
- GUI апликации со PyQt
пс.
кој сака може да се зачлени на Google групата Python-mk кај што може да продолжи дискусијата или да поставите било какви прашања од нај-newbie до било какви :)
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.