Сподели Знаење 12.09.09: Есенска еуфорија почнуваме после 12 напладне

По неколку неделната летна пауза и неодамна завршениот НСНД Сплит, Сподели знаење се враќа на старата локација. Се надеваме дека наскоро ќе имаме и трајно место за собирање со оглед на последната иницијатива на 2с.мк за отворање на хаклаб.

Сите оние заинтересирани за следниве теми:

Игор - Google Chrome/ium под Арч линукс
Игор - Hello World extension за Chromium
Дамјан - Статус околу учењето Erlang

Исто така оние кои се заинтересирани за отворањето на хаклабот и повеќе информации околу тоа можат да ни се придружат на следнава локацијa.

P.S. Во среда во точка заедницата на корисници на Ruby имаат работилница, повеќе детали на овде.

Имаме исполнета кратка недела на интересни настани пред нас, се гледаме.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.