Вториот ден на 25C3 помина со топ предавања и иљадници луѓе, во текот на сите предавања вратите на салите се затвараат кога ќе се пополнат до крај (вклучувајќи ги пролазите и бината), останатите мораа да ги гледаат видео стримовите во живо, во холовитет на трикатниот Берлин конгресен центар.
Едно од предавањата беше Full Disk Encription каде се збореше за начините на енкрипција на дискови и слабостите на кои мора да се внимава при нивна имплементација.
Предавањето за TCP Denial of Service поради самата TCP спецификација беше одлично како и предлозите како да се поправи во иднина без да се направат огромни прекини на интернет низ целиот свет (слично како координираната акција оваа година за DNS дупката на Ден Камински).
Scalable Swarm Robotics - Formica беше одлично предавање на тим британски студенти кои развиваат ефтини роеви на роботи кои се прават со вообичаени електронски и механички компоненти.
Banking malware 101 беше приказ на истражувањето кое го прават истражувачите на Манхејм универзитетот на Германија за тројанците кои крадат податоци од инфицираните компјутери. Прикажа интересни бројки и начини на автоматско откривање на тројанци по интернетот.
Вредно да се спомене е и закон предавањето за холограми.
Прилично беше интересно и излагањето на Herald Welte, „Anatomy of SmartPhones“ во која генерално беше опишан начинот на функционирање на „паметните платформи“ за мобилни уреди, а и самиот хардвер врз кои тие работат.
Исто така интересно случување е Lightning Talks кое се одржува секое утро и на кое заинтересираните гости можат, во траење од неколку минути, да дадат мислење за нивниот омилен систем, програма или глобално проект.
Презентацијата „Attacking Rich Internet Applications“, на која општ впечаток е дека и покрај информативниот говор што предавачите го дадоа, начинот на кој знаењето беше пренесено беше монотон до ниво на досада. Во истиот момент се одржуваа уште 2 други интересни предавања од кои во мали црти го проследивме „Exploiting Symbian“ каде презентерот за жал едвај се разбираше (лош англиски изговор) од друга страна предавањето Tricks: Make you laugh на италијански акцент на Франческо Онгаро го направи интересно.
Последното предавање од 24 часот беше одлична хумористично/сатирична поставка за технолошките достигнувања на Советскиот сојуз и промоција на видео игра (must see!).
За тие што нема да дојдат на Сподели Кино кога би се прикажале најинтересните предавање може уште веднаш во живо да ги гледаат предавањата од 3-тиот и 4-тиот ден на http://events.ccc.de/congress/2008/wiki/Documentation. Се разбира и снимките на ден 1 и ден 2.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.