Сподели знаење #8, 06.03.2007

Уште едно „Сподели знаење“ е зад нас. Публиката е стандардна и редовна и тоа почнува некако да ми се допаѓа. :)

Овој пат јас ги раскажував 10-те (според мене) убиствени можности на GNU/Linux.
Мислам дека оваа презентација е добар пример како секој може да придонесе во споделувањето. Нели, сосема е можно некој друг човек да има своја топ листа на 10 или 20 работи кои мисли дека се најдобри (или најлоши) во GNU/Linux. Па така, ракавицата е фрлена. Баш се надевам дека ќе има уште слични презентации.

Инаку, мислам да си ја проширам за барем уште три нови кул работи што можат да се прават во нашиот најмил ОС, со KDE (хе-хе!):

1. Уредување на PDF документи во KWord. Ова е топ опција иако крајниот резултат зависи од тоа колку асално е направен оригиналниот PDF документ.

2. Сурфање со помош на тастатура во Konqueror. Сискате Ctrl, се појавуваат букви на екранот (веб страницата) и си бркате работа. Посебно добро ми се чини ова за работа со TiddlyWiki.

3. Печатење во PDF од Firefox, така што Печати -> Својства -> Команда за печатење место таа лудата LPR команда ставате kprinter.

Послениве две трикчиња ги претстави Божидар (нашиот локален KDЕ super-user).

Кон крајот на вечерта Дамјан и Стојанче ги раскажаа своите приказни за тоа како се запознале со GNU/Linux, што ги довело до таму и сл. Приказните (барем мене ми) беа интересни и еве ги повикувам да ги прибележат овде на блог како интересно четиво.

Тоа. Се гледаме на „Сподели кино“!

1 comment:

  1. Некој спомна Web 2.0? Видете го видеово, баш добро сработено:

    http://www.youtube.com/watch?v=6gmP4nk0EOE

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.