Сподели знаење #2

На вториот собир дојдоа значително повеќе луѓе од првиот пат благодарение на сите оние што овојпат се заангажираа за да се направат и залепат плакати на факултетот. Овој пат почнавме со прикажување на „Elephants Dream“ и „The Making of Elephants Dream“, првиот open source филм направен досега. Интересно беше да се чуе како во процесот на правењето на филмот екипата што работи на него добива поддршка од заедницата за доразвивање на алатките со кои што работи.

Иван Стојмиров оддржа интересна презентација за „Apache VS IIS“, презентацијата е достапна тука. На крајот со помош на Дамјан го заокруживме настанот со стигнување до 3тото ниво на Python Challenge - интересен начин за забава и учење истовремено.

Наредната сесија за споделување на знаењето е на 26ти декември, можете слободно да оставате предлози во коментарите за она што сакате да го правиме наредниот пат, значи пишете се што ве интересира без разлика дали се работи за техничко или филосовско прашање, тука сме да ви помогнеме.

Галерија на слики

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.