Hacktoberfest во #хаклаб! // 30.10.2018 19:00ч


Во вторник (30.10.2018, 19:00ч) во КИКА ќе отвараме пул-риквести на GitHub во чест на "Hacktoberfest". Секој акаунт кој ќе отвори 5 пул-риквести, ќе добие бесплатна маичка од GitHub.

Повеќе информации околу правилата можеш да најдеш тука.

Hacktoberfest е настан кој го организира GitHub заедно со Digital Ocean и уште некои компании и воглавно главната цел е „подршка“ за заедницата на софтвер со изворно отворен код.

Ние ќе работиме на интересен проект, linuxjourney, еду сајт кој што ги опфаќа некои од основите на Линукс како оперативен систем и негово користење. Освен ако некој не предложи нешто друго.

Главната цел е да го локализираме на македонски јазик. Па затоа, лаптопот под мишка, англискиот јазик во глава и се гледаме во КИКА.

:)

No comments:

Post a Comment