Славиме 9 години постоење на КИКА!

Оваа сабота (20.10.2018, 19:00ч) славиме девет години постоење на хаклабот!

Тоа значи, девет години дружба, компјутери, микроконтролери, сервери, процесори, дискови, фронт-енд, бек-енд, мрежи, дизајни, вака треба - така треба, јас сум во право - ти си во право, смеење, тролање, тропање, пиво, брза храна, здрава храна (ок не :D), курсеви, предавања, средби, GNU/Linux install маратони, девопс, сподели кино, сподели знаење, право, закони,  сменети две локации, ДА ЖИВЕЕ КИКА 3.0 и уште нешто што сега не ми текнува. :)

Па, затоа, во сабота ве покануваме на музика, денс, пица и торта. Слободно донесете си тоа што сакате за пиење.

Се гледаме во сабота. :)




4 comments: