DevOps/SysAdmin #14 // Хаклаб КИКА [13-ти јуни 2018, во 19:00ч.]


После мала пауза се враќаме во игра со мало ребрендирање.

Почнуваме со DevOps/SysAdmin #14 со интересна тема - поставување на приватен Mattermost chat сервер.

Mattermost е слободен софтвер за chat, направен како алтернатива на Slack. Во последно време се популаризира искористувањето на нашите податоци во таргетирано маркетирање, па време е да си ги вратиме податоците во наша контрола. :)

На средбата Панче Рибарски ќе постави Mattermost сервер со сите потребни работи со Docker Compose на наш сервер и ќе дискутираме за трендот на повлекување од "бесплатните" сервиси кои ги користиме секојдневно.

 Се гледаме:
- (време) во среда, 13-ти јуни 2018, во 19:00ч.
- (место) во Хаклаб КИКА

No comments:

Post a Comment