Раните денови: Големи монитори и големи идеи [Понеделник, 06.11.2017, 19-21 ч. КИКА]

На забавата по повод 8 годишнината на КИКА се запознав со некои помлади луѓе кои што беа дојдени во хаклабот, а неколку денови потоа на предавањата за слободен софтвер во Јавна соба исто така видов многу млади луѓе заинтересирани за слободниот софтвер.

Затоа, а и по повод оваа 8 годишнина, како и 15 годишнината од основањето на Слободен софтвер Македонија, сега го најавувам првото (од сега за сега две) предавање за македонската заедница за слободен софтвер, нејзината историја, софтверско-хакерски активности, општествено-политички активизам и зезање.

Започнуваме пред 15 години кога беше формирана 2с.мк, кога за прв пат почнаа да се случуваат организирани настани за слободен софтвер и кога вашиот омилен експерт за локации за пиво после хаклаб Златко имаше коса. :-)




Златко, 2002 г.
Па - сите кои сакаат да чујат за старите добри времиња, како и оние кои ги паметат - повелете во КИКА во понеделник 30 октомври во 19 часот.
















No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.