Backbone.js on Rails (6.12.2012, Hacklab KIKA)


Нов Ruby состанок овој Четврток (6.12.2012, од 19 - 21 час) во Хаклаб КИКА.

Пецо Данајловски ќе презентира за Backbone.js и како да го користите во Ruby on Rails апликации за да направите комплексни кориснички интерфејси.

Backbone.js е минимална Javascript библиотека базирана на MVC архитектура која ќе ви помогне да избегнете пишување на Javascript шпагети код. Библиотеката оргинално беше извадена од Rails апликација - Document Cloud што значи дека интеграцијата со Rails се подразбира.

Пецо исто така ќе покаже како може да се направи JSON API во Rails и како да врзете клиентски (Backbone) модели да синхронизираат со нив. Ќе користи CoffeeScript за пишување на Javascript, а исто така ќе се зборува и за RABL (Ruby API Builder Language) кој се користи за пишување JSON, XML и слични податочни формати.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.