После неколку месечно одлагање после првиот ексклузивно женски собир во хаклабот КИКА, најмногу поради привремената неактивност на хаклабот, од вчера официјално ги активиравме планираните среди за состаноци.

Иако разговаравме за многу активности, оваа среда ја посветивме на додавање мала доза женственост во светот на интгралните кола, кондензаторите и сите тие жици - решивме од она кое е означено во кутија ѓубре да направиме нешто корисно, во случајов накит. Никој од нас не е професионалец, ако си имавме една креативна архитектка на гости, учиме низ импровизација. Илина не снабди со ченгелчиња за обетки и некако ни е driving force во однос на идеите, иако ни закасни малку :).



Работата течеше некако вака:
Јованка и Нелка одлемуваа се што ќе ни фатеше око, се уклопија во еден одлемувачки dream team. Одлемија и повеќе од доволно, така имаме еден куп делчиња кои ни останаа за некој следен пат.

Ние лепевме и комбиниравме, секој спои по нешто и на крај излегоа неколку работи (слика десно). Има доста простор за подобрување, секоја нова идеја е добредојдена. Јас ги охрабрувам сите со еколошки мисли и волја да ни се приклучат во некоја од наредните среди ра поработиме заедно: уште повеќе оние кои всушност имаат некое искуство со правење накит да не насочат малку.






При крај имавме еден intruder на гости кој си одигра одлична улога на фотограф, а и како модел кој прв ја проба крацијата на Сандра.


Марија дури позајми наочарчиња за да ни позирка за поавтентичен look со ланчето на кое пишува „HACK“ :).

Да не ја заборавиме и Сања која ни вети еден куп тастатури за да си играме со зборови ;).
Така помина првиот ден. Сите кои можат да ни донираат некое материјалче, имаат некоја идеја за тоа што можеме да направиме, или пак сакаат да поминат и да направиме нешто заедно, пишете ми или искоментирајте на постот.

Јас можам да ви дадам најмалку 3 причини зошто да ни помогнете:

1. Добро е за околината;

2. Забавно е;

3. Со идните успешни креации планираме да собираме донации, па ете и помагате некому.

Се гледаме во некоја наредна среда!

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.