Идејата е да се овозоможи побрз пристап до инсталациони имиџи од Arch Linux, a со оглед на тоа дека Arch Linux e rolling-release дистрибуција, побрза надградба на сите нови пакети за корисниците на Arch Linux во Македонија. Целта би била да се подобри искуството при користење на оваа дистрибуција на GNU/Linux како и да се привлечат што повеќе корисници да ја испробаат истата бидејќи веруваме дека Arch Linux е оперативен систем кој што овозможува да се запознаете со GNU/Linux системот и начинот на кој што работат и се поврзани сите работи под хаубата aka десктоп, работната околина.
Ако ве интересира повеќе за Arch можете да си прочитате тука.
Целиот инсталационен процес е објаснет во водичот за почетници со Arch Linux.
Она што го направивме надвор од стандардната инсталација беше следново:
- креиравме три RAID1 уреди /dev/md0 (swap), /dev/md1 (/) и /dev/md2 (/home)
- го додадовме mdadm во mkinitcpio.conf за да се вчита hook скриптата која го повикува модулот за raid при наредното подигнување на оперативниот систем
- ги инсталиравме дополнителните алатки кои што ќе ни бидат потребни за овој сервер: openssh, apache и rsync
Со помош на gdisk креиравме три партиции и тоа:
- grub_boot - 1M
- swap - 3G
- / - 10G
- /home - 457G
(партициите ги обележавме како Linux Raid со помош на gdisk)
Потоа ги креиравме RAID уредите:
- mdadm --create /dev/md0 --level=1 --raid-devices=2 /dev/sda2 /dev/sdb2
- mdadm --create /dev/md1 --level=1 --raid-devices=2 /dev/sda3 /dev/sdb3
- mdadm --create /dev/md2 --level=1 --raid-devices=2 /dev/sda4 /dev/sdb4
и cat /proc/mdstat за проверка.
Креирање фајлсистеми:
- mkswap /dev/md0
- mkfs.ext4 /dev/md1
- mkfs.ext4 /dev/md2
Со помош на blkid ги излиставме UUID-ијата на партициите и потоа ги внесовме во /etc/fstab во соодветниот формат.
Потоа го инсталиравме основниот систем и boot loader-от, во случајов GRUB2.
Тоа е тоа од прилика. Машината е спремна и чекаме да ја однесеме во дата центарот каде што откако ќе се синхронизира со некој од официјалните Arch Linux мирор сервери, ќе можеме да ја пријавиме како мирор сервер и официјално да ја пуштиме во употреба.
Голема благодарност до сите што се ангажираа да го завршиме ова мини проектче.
За македонско огледало за Arch пакети си има и македонско упатство за почетници.
ReplyDeleteТреба тоа да го линкуваш горе.
wiki.spodeli.org/Упатство:Arch_Linux_за_почетници