На ова сподели знаење имаше повеќе посетители од обично. Почнавме во 20 часот иако речиси сите дојдовме во 19 и 30. Се разговараше на тема „семантичка мрежа“ која требаше да биде репродукција на работилница која пред месец дена ја одржале Марсел Марс и Томислав Медак.
Се почна со објаснување на категории, врски и линкови во Web 2.0 мрежата и како тие влијаат на луѓето и општеството. Предводени од текстот: Ontology is Overrated: Categories, Links, and Tags.
Потоа се отвори дискусија за Google Reader и RSS/Atom Web каналите. Тука се задржавме повеќе.
И на крај се збореше за Yahoo Pipes, кој е многу интересен сервис за манипулација со RSS/Atom канали.
Главни презентери беа Новица Наков и Миша Поповиќ.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.