Хаклабот КИКА се сели


Сѐ е на хиатус додека не ја нормализираме новата локација. Се надевам дека што побрзо ќе склопиме и отпакуваме есенцијални работи, ќе добиеме интернет и сите активности ќе продолжат.

Во септември почнавме да размислуваме за промена кога увидовме дека ни треба повеќе место за презентации и топол хаклаб во зима. Опциите ни беа крпење на сега стариот простор или селење во нов. Првата опција беше многу тешка за изведба, премногу работи за изолација, скапо греење на струја, ѕид за рушење? Никако не можевме да собереме повеќе од 15 луѓе на настан. Тука некаде славевме и 8 години роденден на КИКА, за да заборавиме на сите проблеми.

Тоа не остави со само една опција за октомври, селење. Прво наивно баравме по сајтови, а после видовме дека без агенција за недвижности само си го отежнуваме животот. Пративме мејл на сите можни агенти и месецот ни помина во одење од стан во стан, размислување за критериуми и компромиси. Неколку пати дојдовме блиску и имавме состанок на кој ги финализиравме барањата: евтино, големо, околу Центар, парно.

Имавме среќа и најдовме стан, копија од мејл:

„Хаклаб 3.0 се наоѓа на Ул. Наум Наумовски Борче 38, 5ти спрат, стан 12, сива фасада помеѓу хотел Дувет и зградата Граве со поглед на Партизанска.“
Направивме компримис со тоа што сега сме на 5ти со лифт, немаме тераса ниту двор, коли ни врват под пенџере парното е со котел и проекторот ќе биде во иста соба со кујната ама... Светло е и топло цело време, имаме пристап до покрив за антени, поголема соба за настани, сѐ е ново и малку поевтино. А да, плус најбитната работа без која не можеме да живееме, туш кабина. Апроксимација од новиот простор + линк до видео https://goo.gl/K2L9F3


Преселивме скоро сѐ, освен каучот кој мораше да го фрлиме, таблата со неонки која мораме да ја дадеме и три тони ѓубре, овај расипана електроника што веројатно ќе ја фрлиме. Од тука, треба да пренесеме уште многу малку, распакуваме сѐ, наместиме полици, чистиме и сортираме, залепиме нови налепници (донесете ни), се занимаваме со бирократија, инфраструктура и да се погрижиме сѐ да продолжи да функционира, ако може и подобро од вчера.

Конечно, треба да се опуштиме и да уживаме.

ПС Ова му доаѓа како на од Новица настанот „понатаму“ делот.

3 comments:

  1. Uhhh so dramatic,
    Хаклаб 3.0 ФОР ДА ВИН !!

    ReplyDelete
  2. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  3. > Конечно, треба да се опуштиме и да уживаме.

    You'll have time to rest when you're dead! Now we hack :)

    ReplyDelete