Ништо нема да се случи - Белград 3 - 5 април 2009

Викендот 3 - 5 април во Белград се одржа првиот НСНД (Ништа се нече догодити) Ништо нема да се случи во оваа година. Ова е настан кој се одржува веќе трета година, (првиот беше во март 2007) и кој ги обединува хакерите, гиковите, слободните софтверџии и промоторите на слободна култура во регионот.

Програмата, што беше составена на утринската сесија во саботата, вклучуваше повеќе интересни теми. Она што мене најмногу ми се допадна беше презентацијата на Марсел за програмирање за непрограмери и таа на Ака и Ива за smalltalk/squeek/etoys т.е. за алатки за деца за учење програмирање. Од вториот ден се покажа дека најкорисна беше презентацијата за PyQt4 + WebKit, иако не го знаев ова се додека не застанавме да каснеме нешто на бензиска на патот за Македонија.

From Ништо нема да се случи - Белград 2009


Оставам некој друг да допише повеќе за техничките работи. Мене најголем впечаток ми остави разговорот со Марко, еден од нашите домаќини, за тоа како го добиле просторот во кој се одржува нивната „размена вештина" т.е. исто како нашето „сподели знаење".


Знаејќи со какви проблеми се соочуваме ние овде да најдеме локација за било што, зборувавме со Марко за тоа како тие се снаоѓаат. Марко вели дека во Белград во секој момент можат да обезбедат три локации за организирање на настани од типот на сподели знаење или други презентации/работилници/проекции. Едната локација е Рекс - простор на Б92, а другите 2 се СКЦ и Дом омладине - едната државна, а другата институција на градот. Што е најинтересно, просториите можат да се обезбедат бесплатано, а и покрај различни партии, интереси и слични сплетки, просторот може да се обезбеди без некое посебно „фаќање на врски".

From Ништо нема да се случи - Белград 2009

Најинтерсно е што просторот кој сега го користат буквално е магацин, значи простор кој може комотно да се рента на фирма за во него да се чува стока, но сепак градот одлучил дека е подобро во него да има галерија и други простории во кои младите од Белград ќе можат да се собираат и да прават што и да си имаат да прават. Ова за мене е многу важна работа меѓу Македонија и Србија. Не знам кога кај нас ќе има вакви простори овде.

На крај, настанот беше забележан и од локалните медиуми. Целиот текст на српски тука.

No comments:

Post a Comment