Анимето кое го освои светот на СподелиКино (20.02.2008)

Оваа среда 20 февруари во 20 часот во Точка, нашето СподелиКино патување продолжува во реалниот инспиративен свет на Вилиам Гибсон - Јапонија.



Ќе го гледаме филмот кој го доби јапонскиот оскар за најдобар анимиран филм - Tekkon Kankreet, кој е воедно и првиот аниме филм режиран од странец (во случајов американец).



Миксот на манга и western flavor се покажа како победнички, така што е примен со воодушевување од сите филмски критичари, а поминал и на голем број фестивали (земајќи и награди), од кои последно на Берлинскиот.

Визуелно, филмот остава еден незаборавен уникатен вкус на овошна шареноликост.
Музиката е на Plaid, а креатори се истите оние кои ни го подготвија Animatrix.



Овој филм е уште еден доказ дека борбата на 2д анимацијата не е изгубена.
Доживување кое нè потсеќа дека филмот е пред се уметност, а потоа техника.

Тука може да го погледнете и трејлерот.



Овозможено од Слободен Софтвер Македонија.

Корисни линкови и рецензии:

6 comments:

  1. Јас мислев дека филмот се вика Tekkonkinkreet?

    ReplyDelete
  2. Аха, споено е, само една буква е грешна, ваљда, sorry.

    ReplyDelete
  3. eee pak piratski filmovi... samo slobodna kultura deklarativno a? ajde nesto sto e stvarno slobodno da pustite ebave demagozite.

    ReplyDelete
  4. @pero

    нема потреба од навредување. да се обидеме да го задржиме нивото на комуникација на некое цивилизирано ниво.

    енивејс, прашањето за „пиратерија“ е прилично интересно. на споделикино веќе сме пуштале неколку предавања/дискусии на таа тема, кои фрлаат едно поинакво светло од она на (дел од) индустријата. не знам дали си ги гледал... мене лично ми беше прилично интересно предавањето на Lawrence Liang на iCommons лани во Дубровник.

    Во секој случај можеш да поминеш вечер или следната среда па да се дискутира на оваа тема. (ја додуше вечер нема да дојдам пошто сум на пат).

    или уште подобро предложи нешто за гледање.

    ReplyDelete
  5. @pero

    Дамјан е во право. Можеш да пишуваш покултурни коментари.

    Сепак, коментарот до некаде држи вода иако можеби не за пиратските филмови сами по себе.

    Ми се чини дека нема никаква поента на СК да се пуштаат филмови кои може да се најдат во DVDтека.

    П.С. Фалат лепенки на последните неколку записи на блогов.

    ReplyDelete
  6. Новице, мора некако да се организираме и да ти доделиме посебна признаница за највелики мрчатор, барач на влакна во јајце, фајрстартер и додади се слично поврзано со иритирање на рандом луѓе.

    Нема лепенки, зашто сум заборавила и немам навика да ги ставам. Фак, секогаш се фаќаш за формалности. А башка чим си видел дека требало, пиши ми и потсети ме да ставам. Се гледа кој ги пишувал тие постови, долу има постпис.

    А да не почнувам сега со тоа дека давам сè од себe, на триста места се трудам да ги промовирам настаните, и тоа обично знае да ми одземе доста од работното време.

    И мислам дека се покажа некаков резултат.
    Но сега испадна дека важно било дека немало факани лепенки.

    ReplyDelete