Сподели Федора во Точка - сабота 1.12.2007 во 13 часот.

Се сеќавате на дисковите со Федора кои требаше да се делат за Денот на слободниот софтвер?

Дисковите

Знаете дека нивното печатење беше згрешено и дека не можеа (лесно) да се користат за целта за која беа наменети. Сега, со големо задоцнување, конечно имаме корисни верзии од истите дискови. Само има еден мал бонус - дисковите не се спакувани.

Што е за право, луѓето од Инет препакуваа дел од дисковите, но тие копии веќе ги разделивме на саем, конференцијата е-Општество.мк и Точка, а еден дел пративме во Битола.

Сега ни остануваат уште околу 2000 дискови кои треба да се наредат во опаковки за да може понатаму да се разделуваат. За таа цел правиме собир во Точка во сабота во 13 часот. Темата е пакувње на дискови и општа гико-хакерска дружба. Денот може да се искористи и за некое непланирано сподели знаење, доколку се создадат услови за тоа.

Ќе треба да завршиме до 18 часот, бидејќи тогаш веќе има друг настан во Точка.

Па се гледаме во Точка. :-)

Update:

Може ќе донесам и јас (Игор) еден сервер, да инсталирам линукс на него
и некој да ми помогне RAID-от да го средам.

После ако има време ќе инсталирам Trac, SVN, MediaWiki итн...

Па и мини СподелиЗнаење може ќе испадне..

1 comment:

  1. Се собравме, хакиравме со пегла, пакувавме ДВДа Fedora 7, инсталиравме еден Debian сервер и на крај се најадовме во кафана ;)

    Направивме настан тр во едно: Од сподели федора, преку сподели пегла стигнавме до сподели знаење :)

    ДВДа со Fedora 7 на македонски ќе се делат следната недела на ФЕИТ додека се продава Елфаско, а ќе има на ПМФ, во Точка и на уште неколку локации низ Скопје. Ако не стигнете да си земете, слободно контактирајте не.

    ReplyDelete