Епидемија во WоW на Сподели кино 2.11, 30.01.08 во 20ч [Точка]

Уште едно кино со предавање од 24c3. Насловот е Modelling Infectious Diseases in Virtual Realities.

Предавањето дава интересен преглед и епидемиолошка анализа на виртуелна болест во онлајн игра. Истовремено, тоа е добар увид во неочекуваните замки на креирањето виртуелни платформи и човечкото однесување во виртуелната реалност. (Врска до описот од конференцијата.)


Чумата "corrupted blood" како што се случува во Ironforge.
(Слика од Википедија)

Предавањето трае околу еден час. По него ќе ја пуштиме и епизодата од South Park што е посветена на WoW.

Ќе биде баш добро ако на ова кино дојдат некои од локалните Вовџии да ни кажат како нив им се случила чумата.

2 comments:

  1. Порано играв многу, ама не бев заразен до толку. Саат време дневно е сосема нормално, нели? :)

    Криво ми е што го пропуштив ова. :S

    ReplyDelete