Сподели кино #4, 24 април 2007, [Точка]

После поприлично успешното споделување на ФЕИТ минатиот вторник, со повеќе оптимизам го најавуваме киното за 24 април. На плејлистата главен ќе биде Ханс Рослинг со своето предавање на конференцијата TED во 2006.

На предавањето Рослинг целосно ја разотркива приказната за третиот свет патем давајќи одговор на прашањето дали шведските студенти се паметни исто толку колку шимпанзата.Шведскиот доктор приредува шарено шоу со статистички податоци какви што не сте виделе порано истовремено презентирајќи софтвер кој сите можат да го користат за да видат како напредувала нивната земја на различните полиња на развојот.

И додека сме во Точка, ќе пуштиме и некое кратко видео кое се надеваме ќе ја насмее публиката.

Се гледаме во вторник! Почеток во 20 часот.

2 comments:

  1. Покрај на skmap што ги има ФЕИТ и Точка напраив и MyMaps каде се ФЕИТ и Точка со неолку рефретни места.

    Можда може да се стави лево во менито.

    Каде се ФЕИТ(ЕТФ) и Точка

    ReplyDelete