Hardware hacking, лемење и флешување на U2F Zero, втора сесија [четврток 11ти јануари, од 18:00]

Утре продолжуваме со лемењето на 2-factor автентикациски токени со отворен дизајн и код, U2F Zero. ( https://www.u2fzero.com/ )
Не се лесни за лемење, деловите се многу ситни (SMD), така да секој кој сака да види и проба е добредојден.

Исто така ќе пробаме и да разврземе една дискусија како би се проширил дизајнот со Bluetooth или NFC интерфејс, за да можат да се користат и со smartphones. Тука може да се уклучи и секој што има некакво познавање или интерес за дизајн на хардвер, а не само лемење.

Се гледаме во новиот хаклаб!


No comments:

Post a Comment