Сподели Кино // Хакирање фарми // нов Хаклаб // 19.12.2017

(вторник, 19.12.2017)

Во 2006-та година, Мајкл Полан ја има објавено книгата „The Omnivore's Dilemma.“

Книгата почнува со прашањето: што да јадам за ручек? Во неа, Мајкл избира 4 типични американски оброци и се обидува, низ 450 страници, да стигне до „почетокот“ на секој оброк. Каде растела пченката? Со што се хранела кокошката? Кој ги донел јаболките во супермаркетот, каде растеле и со што биле прскани? Прави reverse engineering на производството и пазарот на храна.

Значаен дел од книгата е посветен на Polyface Farm, ранч во Австралија кој фармерот Joel Salatin (no pun intended) го има трансформирано од уништена, неплодна површина, во идилична фарма на која коегзистираат (и умираат) животни, дрвја и треви.

По природа, Џоел и неговиот татко се хакери. Иако се потпираат во потполност на симбиозите во природата каде што можат, не мразат технологија. Напротив, во повеќе наврати самите измислуваат направи кои им го олеснуваат фармањето.

Книгата е супер, и препорачувам да ја прочитате. Сериозно. Туку за филмот утре.

Откако книгата ја има популаризирано фармата, на Џоел, во 2015-та има излезено и 90-минутен документарец во кој, претпоставувам, се зборува за истите теми: (не)индустриско производство на храна, пестициди, политички идеологии и регулативи, субвенции; комплексноста на природата и редукционизмот на науката. Polyface Farm е во центарот на приказната, како пример за контра-агрикултура, но сигурен сум дека се допираат многу од темиве.

Џоел е либертаријанец и христијанин. :)

BTW, го немам гледано филмов. Сакам утре да го гледам. А, пошто се плаќа, сакам да ве поканам заедно да го гледаме, во 19ч. во НОВАТА КИКА (на почетокот на Партизанска.)


No comments:

Post a Comment