SysAdmin/DevOps средба #13, четврток, 12-ти октомври 2017, 19:00ч.

Одморивме летово, залади, па со нови сили се враќаме. Се враќаме со Serverless, тема која конечно после неколку спомнувања конечно ја имаме на репертоар. Филип Веселиноски (DevOps) и Магдалена Саздова (Backend Developer) вработени во Doxteam ќе ни ја претстават или како што самите напишаа:

„Темата ќе го опфати нашето искуство со Serverless во поголемки (enterprise) проекти, за тоа како се имплементира, што ни олесни и што ни отежна во девопс/дивелопмент процесите, каков перформанс се постигнува, и секако како се движат трошоците.“

Се гледаме:
- (време) во четврток, 12-ти октомври 2017, во 19:00ч.
- (место) во Хаклаб КИКА

No comments:

Post a Comment