Google Code-in 2017

По 8-ми пат се организира помалиот брат на Google Summer of Code, Google Code-in наменет за човеци помеѓу 13 и 17 години. Ако ги исполнувате условите, учествувајте во најдобриот воведен настан на индустријата.

Секоја од организациите ќе определи ментори и задачи кои ќе можете да ги решавате од 28-ми Ноември до 17-ти Јануари следната година. Задачите како и секоја година ќе ги покажат различните аспекти на работа со отворен софтвер како: програмирање, пишување документација, тестирање, истражување, дури и маркетинг. Има за секој по нешто, немој да ми се срамите.

Пријавете се на g.co/codein и ако ви треба помош барајте нè на irc #lugola или во КИКА.


No comments:

Post a Comment