GNU/Linux прва помош // понеделник 10-ти јули (19:00ч)


Денес (понеделник, 10.07.2017, 19:00ч) имаме GNU/Linux прва помош по распоред и ќе им помогнеме на корисниците на слободен софтвер (GNU/Linux, Android, OpenWRT) да се снајдат со почетнички проблеми, инсталации, команди итн.

Минатиот пат почнавме да го правиме проектот „Поштенско сандаче“ што спред вики вели:

„Макета на поштенско сандаче/кутија кое што ќе има автоматизирано „знаменце“ и при стасување на нова порака во e-mail сандачето, знаменцето автоматски да се крева, а по нејзино проверување знаменцето да се спушта во оргиналната позиција.“

Па може да продужиме да го хакираме! 

Се глеаме вечер у хаклаб во 19:00ч.

No comments:

Post a Comment