Front-end-средба #17, вторник, 13. јуни 2017, 19 ч.

На 13. јуни 2017 г. со почеток во 19 часот, се гледаме во хаклаб КИКА по седумнаесетти пат. Бојан Тодевски ќе зборува на тема User Story Mapping.

Преку практичен пример, Бојан ќе ни помогне да ја разбереме потребата од т.н. мапирани приказни. Исто така ќе дознаеме како со нив, се олеснува и забрзува дизајнирањето и изработката на софтвер. Практично, сите присутни, заедно ќе мапираме приказна.


Каква врска има ова со Front-end development? Дознајте во вторник, во хаклаб.

Се гледаме од 19 часот!

No comments:

Post a Comment