Сподели знаење // Dungeons & Dragons (сабота, 18:00)


Првото саботно „Сподели знаење“ (знае некад да биде и „Саботно хакирање“) годинава.

Овој пат нашиот lord and savior @Lord_of_Life ќе биде Dungeon Master и ќе не научи да играме Dungeons & Dragons! Пошо јас неам појма од играва, го замолив Господарот_на_Животот да ни каже збор-два за што ќе се дешава утре! Па иде вака:

Научи како да ја играш најпопуларната tabletop rpg на сите епохи и види дали ти се допаѓаат игри за кои се потребни само молив, хартија и бујна фантазија. Вклучени активности: импровизирана глума, буричкање низ книги со правила, убивање на куп лоши работи што сакаат да ти ја пијат крвта и безброј други. Задолжителни реквизити: отворен ум, идеа за еден средновековен карактер (magic included). 

your Dungeon Master for the day, 
Lord_of_Life

Не заборавајте да си понесете и време со себе, ќе потрае. Се глеаме у КИКА, сабота (24.06.2017, 18:00).

No comments:

Post a Comment